Обвинителството побара 11 години затвор за Сандро Росел

На поранешниот претседател на Барселона, Сандро Росел му се заканува затворска казна од 11 години. Јавното обвинителство бара ваква санкција дополнета со парична казна од 59 милиони евра во случајот против него за перење пари и криминално здружување.

Росел од мај минатата година е во притвор, а денеска ќе биде префрлен во затворска институција во Каталонија за да биде поблиску до дома. Тој и уште петмина други лица се обвинети дека испрале 20 милиони евра од Бразилската фудбалска федерација.

Се вчитува...