Очајнички потег на ПСЖ: Покрај богатство на Мбапе му нуди и улога на спортски директор

ПСЖ на секој начин се обидува да го задржи Килијан Мбапе во своите редови. А, откако францускиот клуб не успеа да го примами младиот фудбалер „само“ со вистинско богатство, во новиот договор му нуди и „одврзани раце“ за доведување и отпуштање тренери и играчи, пренесуваат англиските медиуми.

Според нив 23-годишникот кој ќе игра за плата од пет милиони евра месечно или околку 60 милиони годишно, покрај бонусот од 100 милиони за продолжување на соработката ќе добие „улога“ на неофицијален спортски директор со која и дефинитивно ќе биде на чело на проектот.

Како потсетување, Французинот не крие дека неговиот омилен клуб е Реал Мадрид и дека сака да заигра на „Сантијаго Бернабеу“, а дали ќе го замени сонот со „непристојните“ понуди на ПСЖ ќе дознаеме наскоро.

Се вчитува...