Очекуван стартен состав на Македонија: Со Елмас, Пандев и Несторовски во нападот!

Согласно очекуваното Игор Ангеловски со засилен среден ред и тројка во нападот со Елиф Елмас, Горан Пандев и Илија Несторовски ќе се спротистави на Словенија во седмиот квалификациски натпревар од Групата Г за пласман на ЕП 2020.

По објавувањето на официјалните состави за вечерашниот натпревар кој од 20:45 часот стартува на арената „Тодор Проески“ во Скопје, веќе е јасно дека на голот ќе биде Димитриевски, одбранбената тројка е Стефан Ристовски, Муслиу и Кире Ристевски а во засилениот среден ред ќе бидат Николов, Адеми, Спировски и Алиоски…

Се вчитува...