Очекувана победа на поискусните во „братското пелистерско“ дерби

Пелистер забележа сигурна победа од 28-21 во дерби натпреварот против својот помал брат Пелистер 2 во 6. коло од ракометната Суперлига на Македонија.

Домаќините уште од самиот старт ја покажаа разликата во квалитет и во ниту еден момент не му дозволија на противникот да го доведе до прашање победникот на натпреварот.

Стипе Мандалиниќ со осум гола беше прво име кај победникот, додека кај поразените Павле Атанасијевиќ заврши со четири гола.

Се вчитува...