Очекувано: Игор Карачиќ во тимот на колото во Лигата на шампионите (ВИДЕО)

Игор Карачиќ, сосема очекувано, по одличната партија на мечот против Мешков Брест се најде во тимот на колото во Лигата на шампионите.

По оние 11 постигнати голови против Мешков Брест, Карачиќ си обезбеди место меѓу седумте најдобри во изминатава рунда натпревари. Тој е трет ракометар на Вардар оваа сезона што успева да биде дел од најдобриот тим, по Дејан Милосављев (во првото коло) и Тимур Дибиров (во четвртото коло).

Покрај Карачиќ во најдобрата „седморка“ се и левото крило Александар Вестби (Елверум), средниот бек Аиденас Маласинскас (Мотор), десниот бек Мелвин Ричардсон (Монпелје), десното крило Михал Дашек (Висла),пикерот Јаник Колбахер (Рајн Некар Ловен) и голманот Бенјамин Буриќ (Флензбург).

Изборото на најдобрите според ЕХФ може да го погледнете на следниот ЛИНК.

Се вчитува...