Очекувано, Миовски во тимот на колото во Шкотска

Со двата гола, Бојан Миовски ја најави добрата сезона во Шкотска. Македонецот постигна два гола во дуелот со Сент Мирен во 2. коло, а имаше и добар настап во текот на целиот натпревар. Така Миовски е оценет со втора најдобра оценка од сите 11 кои се најдоа во тимот на колото.

Миовски од МТК замина во таборот на Абердин, и веднаш ја оправдува довербата од својата екипа. Веднаш после настапот, тренерот на Абердин рече дека дури сега ќе го видиме најдоброто издание на Миовски во тимот на Абердин.

Се вчитува...