Очекувано: Начевски – Николов номинирани за ЕП 2018

Најдобрите македонски ракометни судии, Ѓорѓи Начевски и Славе Николов, сосема очекувано се најдоа на списокот на номинирани официјални лица за претстојното Европско Првенство што во месец јануари ќе се одржи во Хрватска.

ЕХФ денеска ги објави 14-те судиски двојки што се наоѓаат во потесниот избор за следното ЕП, кои ќе треба да се појават на семинарот за подготовки што ќе се одржи кон крајот на август во Виена. По завршувањето на овој семинар ќе бидат објавени 12-те двојки на арбитри кои ќе бидат задолжени за делење на правдата за време на Европското Првенство.

Со оглед на квалитетот на арбитражата, но и реномето што го имаат на европската сцена, јасно е дека Начевски и Николов ќе се најдат и на скратениот список и ќе го продолжат континуитетот од судење на големите ракометни настани.

НОМИНИРАНИ СУДИИ:

Андреј Гушко и Сергеј Репкин (Белорусија)

Матија Губица и Борис Милошевиќ (Хрватска)

Вацлав Хорачек и Јиржи Новотни (Чешка)

Оскар Ралуј и Анхел Саброзо (Шпанија)

Стеван Пишн и Лорен Ревере (Франција)

Ларс Гајпел и Маркус Хелбиг (Германија)

Зигмарс Сондорс и Ренарс Лицис (Латвија)

Ваидас Мазека и Миндаугас Гателис (Литванија)

ЃОРЃИ НАЧЕВСКИ и СЛАВЕ НИКОЛОВ (МАКЕДОНИЈА)

Дуарте Сантош и Рикардо Фонсека (Португалија)

Сорин-Лаурентиу Дину и Константин Дин (Романија)

Евгениј Зотин и Николај Володков (Русија)

Артур Брунер и Морад Салах (Швајцарија)

Се вчитува...