Очекувано, Полска ќе игра во полуфиналето на ЕП

Актуелниот европски одбојкарски шампион, селекцијата на Полска, обезбеди пласман во полуфиналето на ЕП откако во четвртфиналната пресметка со убедливи 3:0 во сетови ја совлада Германија.

Полските одбојкари уште еднаш потврдија дека се меѓу главните фаворити за златниот медал и вез проблеми со 25:23,25:17,25:17 ја совладаа Германија, која во осминафиналето со пресврт ја совлада Бугарија.

Полска од самиот почеток на натпреварот го наметна својот ритам, сервисот функционираше одлично, а беше добра и во реализацијата на нападите.

Германците најголемиот отпор го пружија во првиот сет во кој освоија 23 поени, додека во вториот и третиот сет, одбојкарите на Полска максимално ги користеа шансите и ги освоија сетовите со идентични 25:17.

Полска во полуфиналето ќе игра со подобриот од четвртфиналната пресметка Белгија – Словенија која ќе се одигра утре.

Се вчитува...