Очекувано: Тотенхем со „шут карта“ за Франк

Екипата на Тотенхем која е во долниот дел на табелата во Премиерлигата, се одлучи да му врачи отказ на Томас Франк по вчерашниот пораз на домашен терен од Њукасл со 1-2.

Амбициите на тимот од Лондон беа излез во Лигата на шампионите, но тие се чини се недостижни, откако Тотенхем моментално е на неочекуваното 16-то место на табелата, со речиси никакви шанси да дојде и до Европа.

Успехот во Лигата на шампионите и пласманот директно во 1/8 финалето не го спаси менаџерот Франк, кој на позицијата дојде во јуни 2025 година на местото на Енџи Постекоглу.

Најблиску до клупата на Тотенхем е Роберто де Зерби.

Се вчитува...