„Очен лекар за тој што мисли дека Леброн е наследник на Џордан“

Документарниот филм за Мајкл Џордан, „Последниот танц“ се уште го привлекува вниманието на кошаркарската јавност со секоја изјава што е дадена во него. Во фокусот се најде агентот на Џордан, Дејвид Фалк, кој ги отфрли споредбите меѓу легендата на Чикаго Булс со Леброн Џејмс како најдобар кошаркар на денешницата.

„Само слеп човек може да помисли дека денеска на терените има играч што е на исто ниво како него. Леброн? Тој е едно скалило подолу. Тој што мисли дека Леброн е на исто ниво, дека е наследник на Џордан, треба да оди на очен чекар“, порача Фалк.

За него нема сомнеж дека во ерата на Мајкл Џордан било многу потешко да се доминира во лигата отколку што е тоа случај сега.

„Мајкл ќе даваше по 50-60 поени секој натпревар, и тоа со 75% успешност на шутевите од поле. Сега речиси и да не се игра одбрана, времето е поинакво, а тој максимално ќе го искористеше просторот што сега сите го оставаат на секој натпревар“, вели агентот на Џордан.

Се вчитува...