Од 1991 година тоа не се случило: Полуфинале во ЛШ без шпанска, англиска и италијанска екипа

Француски Лион, по елиминацијата на Јувентус, приреди уште една сензација елиминирајќи го и Манчестер сити во четвртфиналето од Лигата на шампионите. Па во полуфиналето ќе играат Баерн Минхен – Лион и Лајпциг – ПСЖ. Што значи, две германски и две француски екипи.

Сето тоа значи за првпат од 1991 година фудбалска Европа ќе има полуфинале во ЛШ во кое нема да има барем една екипа од Шпанија, Англија или Италија. Реал Мадрид, Барселона и Атлетико Мадрид испаднаа, како и Ливерпул, Манчестер сити, и Јувентус и Наполи како претставници на италијанскиот фудбал во нокаут фазата од ЛШ.

Во 1991 година во финалето од тогаш, Купот на европските шампиони, играа Црвена Звезда и Олимпик Марсеј, а белградскиот тим стигна до титулата. Во полуфиналето уште беа Спартак Москва и Баерн Минхен.

Се вчитува...