Од Аеродром за Аеродром: Фемили подготвува документарец за МЗТ Скопје (ВИДЕО)

„Од Аеродром за Аеродром“, гласи документарецот на навивачката група Фемили Аеродром кој ќе го опфати дејствувањето на МЗТ Скопје од самите почетоци, низ тешките години, „маршот за спас“, но и славјето и доминацијата на мак-баскет сцената во последната деценија.

На истиот ќе говорат луѓе поврзани со клубот (членови на управа, тренери, навивачи…) кои на најразлични начини влијаеја овој клуб да стане бренд во македонската кошарка.

„Од Аеродром за Аеродром.

Нешто ново од нашата навивачка група.

Во изработка е документарен серијал, со кој сакаме во камен да ги врежеме почетоците на МЗТ Скопје и Фемили Аеродром, да не се заборават оние врз чии плеќи се создавал нашиот тим од детството. Ова е тизер, но и повик, за секој што сака да ја раскаже својата приказна, поготово од постарата генерација, пишете ни слободно“, стои во објавата на навивачите на клубот.

Се вчитува...