Од друг агол: Судијата на натпреварот помеѓу Партизан и Звезда погоден од полицаец! (ВИДЕО)

Ни третиот натпревар од финалната серија помеѓу Црвена Звезда и Партизан во АБА лигата не помина без инцидент, а во фокусот повторно беа навивачите. Имено, на неполна минута пред крајот на мечот дојде до прекин откако судиите кои беа погодени од страна со предмет од трибините се одлучија да заминат во соблекувалната стравувајќи за своите животи.

При излегувањето од теренот судијата Матеј Болтаузер беше погоден во главата по што првите информации велеа дека тоа го сториле навивачите, но во снимка од друг агол се гледа дека полицаец во намера да го заштити судијата од навивачите случајно го удри Словенецот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vladan Tegeltija (@tegeltijavladan)

Тоа сепак нема да ги ублажи казните кои ќе ги сноси Партизан, а очекувањата се истата да биде во мера на онаа која ја доби Црвена Звезда за вториот натпревар. Таа изнесуваше 62,500 евра.

Се вчитува...