Рома влезе во победничка низа во Серија А откако во 14. коло славеше на гостувањето кај Сасуило со 1-2 по целосен пресврт.
Сасуоло го отвори натпревар со гол во 25. минута преку Метеус Енрике за предност од 1-0, а предноста домаќините ја задржаа и на полувремето, но домашниот тим остана со играч помалку во 62. минута кога директен црвен картон заработи Болока.
Нападите на гостите се испатија во 76. минута коа Дибала реализираше пенал за 1-1, а шест минути подоцна на асистенција на Аргентинецот мрежата ја затресе и Кристенсен за 1-2.
Со новата победа Рома се искачи на петата позиција на табелата, додека Сасуоло падна на 15. место со 15 осовени бодови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА