Од Ереван ја почнуваме финалната битка за баражот (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Македонската фудбалска репрезентација вечерва во Ереван на стадионот „Вазген Саргсјан“, го одржа официјалниот и последен тренинг пред утрешната пресметка со Ерменија. Од главниот ерменски град почнува битката за баражот, за второто место, кое носи можност за пласман на Мундијалот.

Патот е тежок. Зависат многу работи од Македонија, но не сите. Ќе се чека победа во Ереван, а потоа ќе се чека и резултатот од Романија, каде што Романците играат со Исланд. „Кикс“ на Романија и победа на Македонија ќе значи пол позиција во битката за местото број 2.

Важно ќе биде да се добие Ерменија. Затоа баражот ќе биде најголем мотив за да се победи утре. Мотив ќе биде и последниот пораз во Лигата на Нации кој му донесе на ерменскиот национален тим прво место во групата „Ц“ и пласман погоре. Лесно нема да биде, тоа е јасно, особено после проблемите со средниот ред, но во нашата репрезентација има момци кои можат да донесат радост и подобра позиција во битката за тоа посакувано второ место.

Се вчитува...