Од Фенербахче демантираат: Обрадовиќ нема приоритет, тој не е над играчите

Во турските медиуми изминативе денови се појавија информации дека на кошаркарите на Фенербахче не им се исплаќаат платите, додека тренерот Жељко Обрадовиќ е уредно плаќан. Но, вториот човек на турскиот тим Самих Озсај сето тоа го демантира.

„Сакам сите да знаат дека Жељко е тренер кој секогаш е зад својот тим и играчите. Најголемата тајна на неговиот успех сите овие години е токму таа посветеност на тимот и хармонијата која ја има со кошаркарите. Како татко секогаш се бори за нив. Нашиот тренер платата ја добива како и сите играчи, дури и напротив тој остава секогаш кошаркарите да бидат тие првите кои ќе бидат исплатени. Ги замолив и лицата од медиумите да не бидат алатка во рацете на некои луѓе кои сакаат да создадат негативна атмосфера во клубот. А на навивачите им порачувам да не веруваат во ваквите лажни приказни“ – рече Озсај.

Се вчитува...