Вчера „Франс Фудбал“ ја објави листата на номинирани играчи во конкуренција за „Златната топка“, а меѓу нив не се најде Лео Меси, што беше големо изненадување.
Весникот „Л’Екип“ реши да објасни зошто и да ги открие главните фактори кои одлучија елиминацијата на Аргентинецот од борбата за осмиот трофеј во кариерата.
„Неговото отсуство од оваа листа е базирано на бројки и статистика. Промените на правилата не му одеа во прилог. Промената на клубот исто така беше клучна. Покрај тоа, тој не се истакна за време на квалификацискиот циклус за Светското првенство. Вреди да се напомене дека неговата прва сезона во клубот од Париз беше многу сиромашна. Тој постигна само шест гола во лигата. Сигурно многу луѓе имаа впечаток дека подобриот дел од Меси остана во Барселона“, пишува сајтот на L’Equipe.
За напаѓачот на ПСЖ ова е првпат од 2005 година да не биде номиниран. Аргентинецот остана на седум трофеи, Кристијано Роналдо има пет.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА