Англискиот фудбалер Харви Елиот во новата сезона ќе му биде соиграч на голманот на македонската репрезентација, Столе Димитриевски.
Според договорот меѓу Валенсија и Ливерпул, Елиот сезоната ќе го носи дресот на шпанскиот тим, без можност ниту обрска за откуп на договорот, што значи дека Англичанецот идното лето ќе се врати во Ливерпул со кого има договор до 2028 година.
Benvingut a la TERRA DE VALENTIA 🦇 pic.twitter.com/fO0OnOGa7h
— Valencia CF (@valenciacf) September 1, 2026
Харви Елиот во Ливерпул дојде во 2019 година од Фулам како еден од најголемите таленти на англискиот фудбал.
Фановите на Ливерпул во Елиот гледаа голем талент и наследник на Стивен Џерард, фудбалерот не ги оствари нивните очекувања и втора сезона по ред ќе ја помине на позајмица.
Тој минатата сезона играше за Астон Вила, но не успеа да се наметне на тренерот Унаи Емери и одигра само девет меча во сите натпреваруваења.
.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
