Од готово – вересија: Партизан од +18 до збогум од Евролигата

Кошаркарите на Партизан се збогуваа од годинашното издание на Евролигата откако во мајсторката загубија од Реал Мадрид со 98-94. Иако самите себе се нарекуваат земја на кошарката, Србија и 13 година во низа ќе остане без свој претставник на Ф4 турнирите во Евролигата.

Првата четвртина помина во израмнета игра на двете страни, па по десет минути игра гостите имаа само минимална предност од 22-23. Избраниците на Жељко Обрадовиќ одиграа неверојатно во вториот период во кој стигнаа до највисоките плус шеснаесет 39-55.

„Кралевите“ заиграа далеку подобро на стартот на второто полувреме, па по три четвртини успеаја да намалат на едноцифрена негатива (69-76). „Кралевите“ одлично продолжија и на стартот на последниот период, па на шест минути до крајот на мечот на крилата на Серхио Чачо Родригез стигнаа до егал 81-81, по што следеше тајм-аут на Жељко Обрадовиќ. Залуден беше тајмаутото, бидејќи Шпанците продолжија со одличната игра па на четири минути до крај стигнаа и до плус шест 91-85.

Следеше нова неверојатна тројка на Серхио Љуљ кој на две и пол минути до крајот донесе и највисоки плус оусм за својот тим (95-87). Партизан иако беше отпишан успеа со серија од 7-2 на педесет секунди до крајот по тројката на Зек Ледеј да намали на само минус три 97-94. Следуваше нова грешка на домаќините, а Партизан тргна во напад за израмнување. Кевин Пантер не успеа да погоди шут за три поени, а Хезоња замина на линијата за слободни фрлања. Хезоња постигна едно слободно, по што следеше нов неискористен напад на Партизан, а Реал Стигна до конечен триумф од 98-94.

Муса со 20 поени беше најефикасен во таборот на Реал Мадрид, но победата ја донесоа Серхио Родригез кој уфрли 19 и Серхио Љуљ кој мечот го заврши со осум поени, но и двајцата сите кога се кршеше резултатот. Кај Партизан залудни беа 28 поени на Кевин Пантер.

Се вчитува...