Откако во првиот дел голманите Ристе Јанков и Лука Стојковски „царуваа“ на теренот на Ѓорче Петров, во второто полувреме двајцата беа трагичари за своите тимови во дуелот од 11. коло кој заврши без победник 1-1.
Стојковски и Јанков беа расположени по првиот дел, и благодарение на нив првиот дел заврши без голови.
Меѓутоа само што почна вториот дел, Јанков погреши во исфрлувањето на топката, Симоновски ја пресече, па Авронијо шутираше прецизно во мрежата.
Во 77. минута од средбата Стојковски не реагираше соодветно откако Пецов од десната страна упати остра топка во петерецот за нерешен резултат. Маркоски пропушти идеална шанса во финишот да направи пресвр, но шутираше само крај голот.
Во Гостивар Арсими и Работнички одиграа нерешено 2-2. Работнички е тимот кој може да жали поради тоа што имаше водство од 0-2 на полувремето. За само една минута, „романтичарите“ стигнаа до предност од два гола. Имери постигна прекрасен гол, а потоа Дрљевиќ си постигнува автогол. Сето тоа се случуваше во 41. и во 42. минута.
Во вториот дел Арсими најпрво намали со прекрасен гол преку Велија, но само за намалување на предноста, а потоа Таипи успеа да ја спроведе топката во мрежата по мешаница и да израмни на 2-2, што беше и конечен резултат на мечот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

