Од Интер открија зошто Лукаку е на клупа: Дебел е, има 103 килограми…!

Интер синоќа на домашен терен го победи Порто со 1-0 во осминафиналето од Лигата на шампионите. Единствениот погодок на натпреварот го постигна Ромел Лукаку во 86. минута.

Но, пред почетокот на натпреварот директорот на клубот, Џузепе Марота се осврна на одлуката Лукаку да биде на клупата на почетокот на мечот.

„Зошто Лукаку е на клупа? Затоа што има 103 килограми и не е подготвен. Играч во првиот тим мора да биде 100% подготен, а тој не е. Очекуваме да се врати во форма. Освен тоа имаше и грозна сезона. Од враќањето по СП не дава за Интер тоа што може да го даде, но убедени сме дека ќе биде најдобар што може за нас во завршницата од сезоната“ – истакна Марота.

Се вчитува...