Од Јунајтед децидни: Роналдо не е на продажба!

Раководството на Манчестер јунајтед испратило силна порака до Кристијано Роналдо и сите заинтересирани страни, дека тој нема да биде продаден ова лето и дека ќе го одработи до крај договорот кој му е во траење уште една сезона, пренесуваат англиските медиуми.

Вчера излезе вест дека Тод Боили сака Португалецот да го направи прво засилување во неговата ера во Челси, но сепак веднаш стигна демант на оваа тема.

Од Јунајтед се бесни на шпекулациите кои го поврзуваат Роналдо со трансфер, прво во Баерн Минхен, а потоа и во Челси.

„Кристијано не е на продажба. Очекуваме, и сигурно сме дека тој ќе биде со нас и следната сезона, бидејќи веќе е во планот на Тен Хаг“, вели изворот од јунајтед за британските медиуми. 

Се вчитува...