Од каде е цела таа енергија на Синиша Михајловиќ?

Синиша Михајловиќ повторно ќе биде на клупата на Болоња вечерва на мечот против Милан во 20:45 часот. Српскиот тренер одлучен е да седне на клупата на својата екипа против уште еден свој поранешен клуб.

„Ако нема некои проблеми во последен момент, Михајловиќ ќе биде на клупата“ – информира кумот на Михајловиќ, Мирослав Тањига.

И покрај фактот дека се бори со леукемијата, Михајловиќ е голем борец не откажувајќи се така лесно од фудбалот. Дури и кога не е на клупа постојано ги следи сите натпревари на Болоња преживувајќи го секој момент од мечот.

 

 

Се вчитува...