Од каде се најде Том Брејди во ложата заедно со семејството Ѓоковиќ во финалето во Париз!?

Еден од најлегендарните НФЛ играчи, Том Брејди вчера го следеше финалето на Ролан Гарос во Париз во ложата заедно со семејството Ѓоковиќ и целиот тим на Новак.

Јавноста се прашува од каде Брејди заедно со семејството Ѓоковиќ? А, тоа е поради долгогодишното пријателство со Новак.

„Често се слушам со Том Брејди на теми поврзани со тренингот и процесот на закрепнување. Бев близок и со Коби Брајант, со Моника Селеш, но и со Борис Бекер којшто ми беше тренер. Многу се трудам секоја можност да ја искористам за да споделам информации со сите спортисти и спортистки и да научам нешто од нив. Поставувам многу прашања, особено на оние кои го достигнале врвот во својот спорт“ – изјави неодамна во една прилика, Новак Ѓоковиќ.

А, Брејди седум пати го освојуваше популарниот Супер Боул, пред неговото повлекување во февруари оваа година. Сега посака да го гледа финалето на Ролан Гарос, а Новак му овозможил да биде во ложата заедно со неговото семејство.

Инаку, вчера на Ролан Гарос беа и фудбалските ѕвезди Златан Ибрахимовиќ, Килијан Мбапе и Оливие Жиру, кои не криеја дека навиваат за Новак Ѓоковиќ.

Се вчитува...