Од Каљари „бесни“: Следниот пат да ни кажете дека Јувентус мора да победи!

Јувентус синоќа славеше со 0-1 на гостувањето против Каљари во Серија А. Но, според раководството на Каљари незаслужено…

„Неверојатно, ова е неверојатно“ – викаше претседателот на Каљари, Томасо Гуилини по мечот, потенцирајќи дека неговиот тим е жестоко оштетен.

Две ситуации се спорни. Првата кога пред единствениот гол на мечот, Павелоти доби удар во лице со лакт, а судијата дозволи играта да продолжи, па Каљари прими гол. А втората ситуације е во 78. минута кога Бернардески со рака го запре продорот на Падоин, но судијата не досуди пенал.

Во Италија се користи видеотехнологија, но во овие ситуација не беше користена. Од Каљари прашуваат зошто?

„Не ми е јасно за што служи ВАР ако судијата не го проверува тоа. Ние тука се коцкаме со нашите животи… Ние сакаме коректна лига, а ако тие сакаат само големите клубови да победуваат па треба барем тоа јасно да ни го кажат. Уште не можам да верувам дека судијата не ја прегледа снимката. Бернардески имаше жолт картон, играше со рака и ние требаше да добиеме пенал и играч повеќе“ – луто коментираше претседателот на Каљари.

А, тренерот на Јуве, Масимилијано Алегри не сакаше да ги коментира спорните ситуации…

„Така е тоа во фудбалот, што побрзо прифатите дека одлуките некогаш се во ваша корист а некогаш против вас, ќе ви биде полесно“ – рече Алегри.

Се вчитува...