Од Лабуништа огорчени на судењето по вчерашниот пораз од Велазерими

Огромен е револтот во таборот на Лабуништа по вчерашниот пораз од 1-2 од Велазерими на дуелот од Втората лига – Запад кој се одигра во Струга.

Според раководството на Лабуништа единствен виновник за нивниот пораз е главниот судија Тефику и неговите помошници кои суделе на штета на домашните, а со единствена цел – Велазерими да стигне безусловно до трите бода.

„На натпреварот со Велазерими пред околу 1.500 гледачи сведоци бевме на едно одлично полувреме во кое Лабуништа со одлична игра стигна до водство од 1-0. Но, во второто полувреме на сцена стапи главниот судија Тефику со неговите помошници кои уште еднаш го зацрнија фудбалот во Македонија. Дали воопшто треба да се игра фудбал и да се вложува во подобрување на условите за игра или фудбалот ќе се игра на маса?Се прашуваме дали една млада екипа која вложува максимум за фер-плеј натпреварување и која успеа да биде 14 кола без пораз заслужува да биде на ваков начин ‘наградена’. Дали ФФМ ќе преземе нешто против ваквите судии или ќе го зголеми револтот со кој би се изгубила надежта кај младите клубови за развојот на фудбалот?“ – истакнуваат од ФК Лабуништа.


Standings provided by Sofascore LiveScore

Се вчитува...