Од локалните игралишта до легендарната „Ацтека”: Сон кој стана реалност за 19-годишниот Матеј

Има моменти во животот кои те менуваат засекогаш, а за Матеј, млад фудбалер, тој момент дојде на едно неверојатно место: трибините на митскиот стадион „Ацтека” во Мексико Сити, токму на отворањето на Светското првенство. Со само 19 години, преку наградната игра „Кој ти брани да одиш во Мексико?“ организирана од Hisense и Gorenje, тој доби нешто што малкумина некогаш ќе го доживеат, да биде дел од историјата на едно од најсветите места во светскиот фудбал.

Во овој искрен разговор, Матеј не крие ништо, го отвора срцето за чувството кога стоел таму, за деталите од игрите на светските ѕвезди што му го запреле здивот, и за пораката што сега, полн со нова енергија и амбиции, сака да им ја пренесе на своите соиграчи на сите млади луѓе кои, исто како него, се осмелуваат да сонуваат големо.

 

  1. Матеј, кога застана на трибините на митската „Ацтека“ и кога го слушна тој неверојатен тат од илјадници гласови на отворањето на Светското првенство… што се случи во тебе? Може ли воопшто со зборови да се опише моментот кога сфаќаш дека твојот сон повеќе не е само сон?

Кога застанав на трибините на митската „Ацтека“ и го слушнав тој неверојатен тат од илјадници гласови на отворањето на Светското првенство, во мене се случи нешто што тешко може да се опише со зборови. Во тој момент сфатив дека мојот сон повеќе не е само сон, туку реалност. Уште пред почетокот на натпреварот имавме можност да уживаме во спектакуларно шоу со настапи на светски познати музички ѕвезди и изведувачи. Атмосферата беше неверојатна, а целиот стадион живееше во еден ритам. Како дете, отсекогаш сум сонувал да бидам дел од едно вакво Светско првенство. Никогаш не можев да замислам дека победата во наградната игра „Кој ти брани да одиш во Мексико?“ на Hisense и Gorenje ќе ми го оствари тој животен сон. Тоа не беше само фудбалски натпревар, туку животно искуство што ќе го паметам засекогаш.

  1. Како млад фудбалер, ти на тој терен не гледаше само шоу, туку учеше. Кога ги гледаше светските ѕвезди на само неколку метри од тебе, кој нивни потег, каков детаљ или можеби став на теренот ти го одзеде здивот и ти ја промени перспективата за играта?

Како млад фудбалер, не гледав само шоу, туку обрнував внимание и на многу детали. Беше посебно чувство да ги гледам светските ѕвезди од толку блиску. Не ме воодушеви само нивниот квалитет со топката, туку и начинот на кој се движат без топка, како комуницираат и колку се концентрирани во секој момент. Тоа се детали што преку телевизија не можат целосно да се забележат. За мене ова беше уште една потврда дека зад секој врвен фудбалер стојат години напорна работа, дисциплина и посветеност.

  1. Велат дека кога еднаш ќе го допреш врвот, повеќе нема враќање назад на старото. Со каква фудбалска глад и со какви амбиции се враќаш сега на твоите секојдневни тренинзи? Колку ова искуство ти ги подигна личните граници?

Ова искуство не ги промени моите цели, туку уште повеќе ме мотивираше да останам доследен на нив. Ќе продолжам со редовни тренинзи, натпревари и континуиран напредок во фудбалот, кој е нераскинлив дел од мојот живот. Воедно, како матурант, се подготвувам за студии, бидејќи сакам да се развивам во областа на математиката и инженерството. За мене успехот значи постојано да учиш, да работиш на себе и да не се откажуваш од работите што ги сакаш.

  1. Преку твоите социјални мрежи ни овозможи и на сите нас да ја почувствуваме магијата на Мексико. Како изгледаше тој креативен хаос зад камерата? Имаше ли некое парче технологија или гаџет што ти стана „десна рака“ и ти помогна без грешка да го уловиш секој емотивен момент од ова патување?

Искрено, повеќе сакав да уживам во секој момент отколку постојано да снимам, но секако сакав дел од тоа прекрасно искуство да го споделам и со моите пријатели на социјалните мрежи. Денес технологијата ни овозможува секој посебен момент веднаш да го споделиме со луѓето што ни значат, а токму благодарение на Hisense добив можност да создадам такви спомени. Сè започна со наградната игра „Кој ти брани да одиш во Мексико?“, а заврши со едно незаборавно животно искуство. Од самиот почеток, па сè до враќањето дома, целото патување беше беспрекорно организирано – од авионскиот превоз, трансферите и хотелското сместување, па сè до самото присуство на отворањето на Светското првенство. Благодарение на одличната организација можев целосно да се препуштам на атмосферата и да уживам во секој ден од престојот. Петте дена во Мексико беа искуство што ќе го паметам цел живот.

  1. На крајот – кој е твојот следен сон кој целиш да го оствариш?

Сакам да продолжам да ги следам двете мои најголеми страсти – математиката и фудбалот. Наскоро започнувам со студии и сакам да изградам успешна кариера како инженер или математичар, а истовремено да останам активен на фудбалските терени. Ова патување ми покажа дека со посветеност, дисциплина и верба во себе, дури и најголемите соништа можат да станат реалност.

Приказната на Матеј е потсетник дека големите соништа често започнуваат со еден мал чекор, а понекогаш и со една навидум обична пријава за наградна игра. Од локалните фудбалски терени до трибините на најголемиот светски фудбалски спектакл, неговото искуство е доказ дека страста, посветеноста и вербата во себе можат да отворат врати кон незаборавни можности.

Преку кампањата „Кој ти брани да одиш во Мексико?“, Hisense и Gorenje не доделија само патување, туку создадоа животно искуство кое ќе остане траен спомен за еден млад фудбалски ентузијаст. А за Матеј, ова можеби е само почеток на уште поголеми соништа и успеси што допрва го очекуваат.

Се вчитува...