Од лошо, полошо за Анри: Монако без 14 играчи против Амиен

Тиери Анри одби неколку понуди за свој прв самостоен тренерски ангажман, а кога ја прифати онаа на Монако сите веруваа дека ја донел вистинската одлука.

Од денешна перспектива, сигурно и самиот Анри се кае бидејќи покрај серијата очајни резултати, Французинот не може да крене глава и од проблеми со повреди. „Кнезовите“ се уште се во шок по последниот домашен пораз од Монпелје, на кој имаа предност од 1-0 се до 80. минута, а сега ги очекува уште поголем предизвик на гостувањето против Амиен ако се знае дека Анри за денешниот натпревар нема да може да смета на дури 14 фудбалери.

Александр Головин нема да биде во комбинација поради суспензија, додека најразлични повреди ќе ги спречат од настап: Субашиќ, Туре, Ахулу, Сидибе, Ндорам, Наваро, Мбула, Жебел, Грандир, Лопез, Јоветиќ, Траоре и Пелегри.

Единствена добра вест за Анри е камбекот по повредата на дефанзивецот Камил Глик, но останува да се види дали враќањето на полскиот интернационалец ќе биде доволно за да се избегне пораз на оваа средба.

Се вчитува...