Од лошо, полошо за Арсенал: Крај на сезоната за Лаказет?

Арсенал денеска едвај спаси бод на домашен терен против Фулам, но Микел Артета се соочува со огромен проблем откако остана без уште еден класичен напаѓач, Александр Лаказет мораше да биде заменет во второто полувреме и сега го очекува пауза од терените.

За ваков вид на повреда на мускулот вообичаената пауза изнесува еден месец, а доколку лекарските прогнози се остварат Артета ќе остане без францускиот ас во клучниот дел од сезоната. Главоболките се уште поголеми ако се знае дека Пјер Емерик Обамејанг исто така не е во тренажен процес бидејќи има маларија.

Двајцата голгетери ќе го пропуштат првиот полуфинален дуел од Лигата на Европа против Вилјареал закажан за 29 април.

Се вчитува...