Од Македонија на промоција во Данска, Трајковски ги започна тренинзите со Алборг

Македонскиот репрезентативец Александар Трајковски по обврските со репрезентацијата на Македонија веднаш замина на промоција во Данска, а откако заврши овој свечен чин, нашиот фудбалер ги започна подготовките со својот нов клуб Алборг.

Трајковски потпиша за овој тим во финишот на летниот преоден рок во моментите кога дојде на прозивката во репрезентацијата, па сега беше неопходно да биде промовиран пред данската јавност. Денеска тој позираше со дресот на „црвено-белите“ и веднаш го одработи првиот тренинг.

Трајковски ќе ги брани боите на Алборг една година, откако дојде на позајмица од Мајорка. Изминативе две сезони нашиот репрезентативец не добиваше многу минутажа во дресот на шпанскиот клуб. За потсетување, напаѓачот на Македонија претходно играше за Палермо (Италија) и Зулте Варегем и Мехелен (Белгија), како и Интер Запрешиќ (Хрватска).

Се вчитува...