Од Милан до Партизан и Црвена звезда – сите можни ривали на Вардар во Лигата на Европа

„Црвено-црните“ утре во 13 часот ќе ги дознаат имињата на противниците со кои ќе се сретнат во следните три месеци на фудбалските терени во Скопје и ширум Европа, а повеќе од јасно е дека нема да има нималку наивни противници.

Италијанскиот гигант Милан останува најзвучно име со кое Вардар може да се сретне во групната фаза од Лигата на Европа. Покрај „росонерите“, тука се и Зенит, Евертон, Олимпик Марсеј и уште неколку тимови од највисока класа.

Покрај Вардар и Милан (кој ја елиминираше Шкендија), пласман преку квалификациите за ЛЕ обезбедија уште и Плзен, Динамо Киев, Макаби Тел Авив, БАТЕ Борисов, Остерсунд, Шериф, Салцбург, Зенит, Лудогорец, АЕК, Аполон Кипар, Скендербег, Партизан, Атлетик Билбао, Брага, Олимпик Марсеј, Розенборг, Евертон, Австрија Виена и Црвена звезда.

На овие клубови во утрешниот ждреб ќе им се прикучат екипите елиминирани во плејофот за влез во ЛШ: Астана, ФЦСБ, Хапоел Бер Шева, Хофенхајм, Башакшехир, Копенхаген, Ница, Ријека, Славија Прага и Јанг бојс, како и дел од екипите што имаа директен пласман во групната фаза, како Арсенал, Лацио, Аталанта, Лион, Вилјареал, Келн, Херта, Цулте Варегем, Витесе, Лугано…

Огромен дел од овие тимови се со реноме поголемо од она на македонскиот првак, но тоа е најмалку важно, беа и Малме и Фенербахче, па знаеме како минаа во дуелите со скопски „црвено-црни“.

Се вчитува...