ОД НАС ЗАВИСИ: Мундијалскиот сон е реалност!

Македонија е пред почеток на живеење на мундијалскиот сон. За првпат во нашата историја македонската репрезентација е пред можност да се избори за бараж за пласман на светско првенство, што би бил и најголемиот успех низ еден квалификациски циклус.

Сега се само од нас зависи. Натпреварот со Исланд денеска од 18 часот на националната арена „Тодор Проески“ треба да ја отвори можноста за пат во Катар следната година, и покрај тоа што е јасно дека потоа низ баражот остануваат два тешки дуели во март. Но, сето тое е безначајно во моментов наспроти желбата да се дојде до триумф против Исланѓаните и да се обезбеди толку посакуваното второто место во квалификациската група Ј.

„Тоа што сме во една ваква ситуација е плод на целиот наш труд низ овие квалификации. Можеби на гости статистички сме подобри но не обрнуваме вниманието на тоа. Секој меч е посебно приказна, а овој пред нашите навивачи чија поддршка ја очекуваме сигурно ќе биде посебен. Не чувствуваме никаков притисок, но свесни сме дека судбината е во наши раце. Се надевам дека ќе пристапиме со ладни глави на натпреварот и со квалитет ќе дојдеме до целта. Верувам дека квалитетот сега ќе исплива на површина. Ќе бидам навистина горд ако како капитен на оваа репрезентација се избориме за првпат во историјата за бараж за пласман на Светско првенство“ – вели капитенот Стефан Ристовски, кој по паузата поради жолтите картони, повторно се враќа во првиот тим на селекторот Благоја Милевски.

А Милевски, пак, пред денешниот одлучувачки мегдан вели дека нема посебен притисок меѓу фудбалерите затоа што сите тие со своето искуство имаат зад себе бројни важни натпревари во кои завршиле како победници.

„И за овој натпревар се подготвуваме како и за сите претходни, затоа што и секој претходен за нас беше важен. А, тоа што сме пред финална можност за пласман во баражот тоа не ни носи притисок, туку не мотивира. Јасно е дека посакувавме да дојдеме во ситуација сами да одлучуваме, и среќни сме поради тоа. Полниот стадион ќе ни биде инспирација плус, а не притисок. Со ладни глави и жешки срца одиме на победа“ – вели Милевски.

КВАЛИФИКАЦИИ ЗА СП 2022 – 10. КОЛО (18 ч.)

МАКЕДОНИЈА – Исланд

Лихтенштајн – Романија

Ерменија – Германија

Се вчитува...