Од Рома во Интер: Наинголан се сели кај Спалети

Голем трансфер ја тресе Италија. Раџа Наинголан ја напушта Рома, но ќе остане на Апенините и ќе се пресели во Интер. Италијанските медиуми пишуваат дека двата клуба се договориле за сума од 29 милиони евра, а кон Рим ќе се упати и младиот и талентиран играч за врска на „нероаѕурите“, Николо Заниоло. Тој досега играше во Примавера лигата за Интер.

Ова секако е ново обединување на Лучијано Спалети, кој сега го предводи Интер, и Раџа Наинголан, кој имаше фантастични игри во дресот на Рома под негова палка. Белгиецот треба да заработува 4,5 милиони евра по сезона, а ќе биде големо засилување за Интер, кој по подолга пауза повторно ќе игра во Лигата на шампионите.

Се вчитува...