Од рубриката верувале или не – Аргентина броеше до 82 во ракометен меч против Боливија

Ракометната репрезентација на Аргентина со победа го стартуваше настапот на првеството на Јужна и Централна Америка. „Гаучосите“ во првото коло ја совладаа репрезентацијата на Боливија со неверојатни 82-7. Резултат кој сигурно ќе влезе во „рубриката верувале или не“, бидејќи конечниот резултат изгледа како Аргентинците да играле кошарка, додека Боливијците ватерполо. Првото полувреме Аргентинците го добија со 42-5, а во второто решија да ја „зацврстат“ одбраната и на противникот да му дозволат само два погодока.

 

Се вчитува...