Од славје до кошмар: Милик ограбен со пиштол на чело!

Аркадиуш Милик беше дел од тимот на Наполи што синоќа триумфираше над Ливерпул во Лигата на шампионите, но славјето се претвори во кошмар за полскиот голгетер, кој бил ограбен на улица во Неапол враќајќи се кон својот дом.

Според весникот „Ел Матино“, околу два часот наутро автомобилот на Милик бил блокиран од страна на мотор, по што две лица се симнале, а едното од нив му ставило пиштол на челото на голгетерот. Тој им го дал паричникот што го носел со себе, како и часовникот Ролекс во вредност од околу 20.000 евра.

Полицијата отвори истрага за овој случај.

Се вчитува...