Не се чувствува премногу фудбалска атмосфера во Гдиња во текот на денешниот ден, полските фанови не се „загреани“ за овој шампионат, но затоа тука се околу стотина Македонци, решени да им дадат поддршка на избраниците на Боби Милевски во следните седум дена.
Дел од навивачите се собрани од Полска, но и од други европски земји, но има и организирани групи што допатуваа од Скопје, Куманово, Битола, Охрид… Сите сакаат да бидат дел од овој историски настап на нашата земја на еден фудбалски европски шампионат и несомнено е дека вечерва од стотици грла на стадионот во Гдиња ќе ечи МАКЕДОНИЈА, МАКЕДОНИЈА…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА