Од „Театарот на соништата“ продолжување на сонот ЕВРО 2024 (ФОТОГАЛЕРИЈА)

ЕКИПА во Манчестер,

Владимир Булатовиќ

Македонската репрезентација го одработи официјалниот тренинг на „Олд Трафорд“ пред утрешниот натпревар од квалификациите за ЕП 2024 против Англија.

Избраниците на Благоја Милевски го почувствуваа „Театарот на соништата“, местото од каде утре треба да продолжи сонот за ЕВРО 2024 во Германија, малку порано од првично закажаниот тренинг кој требаше да почне од 19 часот. Поради информации за силно невреме над Манчестер токму во тој термин, тренингот беше поместен од 16 часот.

Огромна е желбата меѓу репрезентативците, и покрај објективно негативниот психолошки момент кој го носат поради начинот на кој се загуби од Украина, токму против една од најмоќните светски селекции да се потврди несомнениот квалитет кој го поседуваат. Таков беше и односот на денешниот тренинг во Манчестер кој беше проследен од мал број англиски медиуми…

 

Се вчитува...