Од Торино во Милано: Дибала донесе одлука каде ќе ја продолжи кариерата!?

Пауло Дибала ги игра последните месеци од договорената соработка со Јувентус, а торинскиот клуб не планира да му понуди нов со подобрени услови, па Аргентинецот ќе мора да бара нова средина каде ќе ја продолжи кариерата.

Интер може да профитира од целата ситуација затоа што ќе го добие Дибала без отштета, а потоа може да го продаде Лаутаро Мартинес за 70 милиони евра, колку што изнесува неговата вредност. Спортскиот директор на Интер, Џузепе Марота кој е и поранешен клучен човек во Јувентус, подготвил договор кој Пауло Дибала не може да го одбие.

Евентуалниот премин на Дибала во Интер ќе предизвика бура во италијанскиот фудбал бидејќи седум години беше играч на Јувентус, а оди во редовите на најлутиот ривал.

Се вчитува...