Од Црвена Звезда порачуваат: Загуби Реал од Леванте, па зошто не и Ливерпул од нас!?

Фудбалерот на Црвена Звезда, Горан Чаушиќ оптимистички ја очекува вечерашната пресметка на „Енфилд“ против Ливерпул во Лигата на шампионите.

Иако белграѓани од старт се отпишани во групата во која се уште и со ПСЖ и Наполи, Чаушиќ смета дека може да изненадат во Ливерпул.

„Реал загуби од Леванте, загуби и Барселона, па зошто не и Ливерпул од нас!? Важно е да веруваме во себе, да бидеме агресивни на терен и силно да им се спротиставиме. Не чека голем натпревар, а на нас е да биде најдобри што умееме. Не треба да стравуваме од никого“ – вели Чаушиќ.

Натпреварот меѓу Ливерпул и Црвена Звезда се игра вечерва од 21 часот на „Енфилд роуд“, во рамките на третото коло од групата Ц.

Се вчитува...