Од Зрињски потценувачки кон „пандевци“: Се освен победа против нив ќе биде неуспех

Зачудувачки потценувачки од таборот на Зрињски пристапуваат кон двомечот со Академија Пандев во 1. квалификациско коло за Лигата на Европа.

Првиот натпревар се игра на 11. јули од 19 часот во Скопје, а фудбалерот на Зрињски, Милјан Говедарица вели дека босанскиот тим посакува што подолго да остане на европската сцена ова лето.

„Мило ми е што сум член на Зрињски, екипата одлично ме прифати и гледам дека се работи за одличен тим“ – вели офанзивецот Говедарица кој ова лето го засили босанскиот прволигаш.

„Зрињски во новата сезона ќе оди на двојната круна. Огромни се нашите амбиции, а желбата е што подолго да играме и во Европа. Може да кажам дека добро се подготвуваме за натпреварите против Академија Пандев. Се освен победа и пласман понатаму против Академија Пандев ќе биде неуспех за нас“ – дополнува Говедарица.

Се вчитува...