Одбиена и последната жалба на Палермо, Несторовски потпишува за Удинезе

Италијанската фудбалска федерација ја одби и последната жалба на Палермо околу претходно изречената суспензија, па сицилијанците и дефинитивно од следната сезона се селат во Лига Д почнувајќи од нула со нов сопственик.

Сето тоа значи дека и македонските репрезентативци Илија Несторовски и Александар Трајковски како слободни фудбалери ќе бидат во потрага по новите фудбалски средини. Несторовски веќе и дефинитивно е договорен за продолжување на кариерата во Удинезе, па по последната одлука на Италијанската федерација сега до крајот на неделава се очекува официјалната промоција на македонскиот репрезентативец во новиот црно-бел дрес.

За Александар Трајковски познато е дека постои интерес од италијанските Лече и Салернитана, но и португалскиот Спортинг Лисабон па наредниот период се очекува и дефинитивната одлука каде ќе ја продолжи кариерата.

Се вчитува...