Одбиена жалбата на Јунајтед за влечењето коса на Лисандро Мартинез

Дисциплинската комисија на Премиерлигата одговори негативно на жалбата на Манчестер јунајтед во врска со црвениот картон на Лисандро Мартинез.

Аргентинскиот дефанзивец доби директен црвен картон во поразот на „црвените ѓаволи“ од Лидс Јунајтед со 1-2 на „Олд Трафорд“ на 13 април, откако судијата Пол Тирни беше повикан од ВАР собата за да го разгледа инцидентот во кој Лисандро Мартинез го влечеше за коса напаѓачот на гостите Доминик Калверт-Луин.

Дисциплинската комисија изјави дека влечењето коса „не треба да се толерира“. Комисијата изјави дека прифаќа дека постојат и други форми на насилно однесување, кои носат многу поголем ризик од повреда, но нагласи дека „во пошироките интереси на фудбалот, влечењето коса не треба да се толерира и треба да се обесхрабрува преку конзистентно казнување“, објави Би-би-си. 

Се вчитува...