Одбиени и последните жалби: ЦАС нема дилема, Забраната за Русија и Белорусија останува

Судот за спортска арбитража (ЦАС) не планира да попушти, па уште еднаш ги одби жалбите на Русија и Белорусија, кои се однесуваат на суспензиите на фудбалските клубови и репрезентациите од сите натпреварувања на УЕФА и ФИФА.

Одлуката клупскиот и репрезентативниот фудбал на овие две земји да биде „замрзнат“ ќе продолжи да важи. Ова значи дека и во иднина странските играчи во руските клубови ќе имаат можност еднострано да ги раскинат договорите со клубовите до 30 јуни 2023 година.

Европската фудбалска унија (УЕФА) и Светската фудбалска федерација (ФИФА) потврдија дека суспензијата ќе важи и во претстојната сезона.

Се вчитува...