Одбојка: Фаворитите сигурни и кај дамите и кај мажите

Планет и Универзитет Тетово изминатиов викенд остварија очекувани победи во 11.коло од Првата одбојкарска лига во женска конкуренција. Тимот на Планет славеше со 0-3 во сетови на гости против Јанта Волеј, додека Универзитет Тетово загуби еден сет (1-3) против Куманово.

Кај мажите, Струмица максимално го совлада ГОК-Борец со 0-3 во сетови, а и Весна Пробиштип со 0-3 во сетови го совлада УГД-Студент.

Се вчитува...