Одбојкарите ги испратија ракометарите на СП: Среќно, браќа…

Македонските ракометари попладнево ќе полетаат за Каиро, каде утре против Шведска ќе го имаат првиот настап на СП 2021.

Одбојкарите на нашиот национален тим пред тргнувањето им посакаа среќа на ракометните репрезентативци, со надеж дека ќе донесат нови моменти на радост на нацијата со добри игри во Египет.

Среќно, браќа…“, напиша капитенот Никола Ѓоргиев на заедничките фотографии со дел од ракометните репрезентативци.

Се вчитува...