Одбојкарите го одбележаа „8 Септември“ на официјалниот тренинг во „8888 Арената“ во Софија пред утрешниот старт на ЕП! (ВИДЕО)

Македонската одбојкарска репрезентација предводена од Јошко Миленкоски го одработи официјалниот тренинг пред утрешниот старт на Европското првенство 2026.

Македонија, ги реализираше финалните подготовки во „8888 Арената“ во Софија каде утре од 18 часот ја очекува првата пресметка на ЕвроВолеј 2026, и тоа против домаќинот Бугарија.

Македонија на шампионатот е уште во група со Украина, Полска, Португалија и Израел.

За време на тренингот македонските одбојкари испратија и честитка до сите во Македонија за празникот „8 Септември“ и 35-годишнината од независноста на Македонија.

Се вчитува...