Одбојкарите на Франција ќе се борат за злато по триумфот над Аргентина

Одбојкарите на Франција ќе се борат за злато на ЛОИ во Токио откако во полуфиналната пресметка славеа над Аргентина со 3-0, по сетови 25-22, 25-19 и 25-22.

За златниот медал ќе се борат со Русија која претходно славеше над Бразил со 3-1.

Кај Французите најефикасни беа Жан Патри со 15 и Клевено со 14 поени. Кај Аргентина, пак, се истакна Факундо Конте со 13 поени.

Финалето на програмата е во сабота на 7. август од 14:15 часот, додека мечот за бронзата се игра истиот ден од 6:30 часот.

Се вчитува...