Одбојкарите на Пробиштип запишаа историја: Прво свое финале во битка за титула!

Одбојкарите на Пробиштип ВА запишаа историја за својот клуб со пласманот во првото свое финале во најсилната домашна одбојкарска лига. Во финалната пресметка за трофејот Пробиштип ќе се соочи со екипата на Струмица.

Пробиштипјани се пласираа во финалето откако и во вториот полуфинален дуел славеа против Борец, сега на гостувањето во Велес со 0-3, по сетови 24-26,23-25 и 27-29. Претходно, на домашен терен, исто така славеа со убедливи 3-0.

Вториот финалист, Струмица, пак, во полуфиналниот двомеч во два наврати славеше против екипата на Лешок.

Се вчитува...