Одбојкарската репрезентација на Македонија денеска ќе го одигра третиот натпревар на Европското првенство во Софија каде за противник ќе го има актуелниот континентален шампион, Полска.
По воведните два порази од Бугарија и Украина, нашите одбојкари денеска за противник го имаат и третиот фаворит. Дефинитивно на денешниот меч нема што да се загуби. Полска е фаворит, а ние сме насочени кон последните две кола.
Таму Македонија ќе брка две победи против Португалија и Израел како би можела повторно да биде дел од нокаут фазата на собирот на најдобрите на стариот континент. Натпреварот меѓу Македонија и Полска е закажан за 18 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
