Одбојкарската репрезентација на Македонија го забележа и третиот пораз во новата сезона од Европската златна лига.
Тие во вториот меч на турнирот во Летонија, денеска загубија од репрезентацијата на Грција со максимални 3-0, по сетови 25-22, 25-21 и 25-20.
Одбојкарите со ова го затворија турнирот во Летонија со половичен учинок. Покрај денешниот пораз од Грција тие вчера во трилер меч со 3-2 славеа над домаќинот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА